Поважни настани

Македонската ватерполо репрезентација се квалификува на Европското првенство во ватерполо што годинава ќе се одржи во Загреб, Хрватска.

You are here: Home

Пливачка Федерација на Македонија

Reprezentacija

Меѓународен ватерполо турнир


Како дел од подготовките на Македонската ватерполо репрезентација пред престојното Европско првенство во Загреб (29 август-11 септември 2010 год.) од 26-30 Јули 2010 год. се одржува Меѓународен ватерполо турнир на Олимпискиот базен- Центар. На македонската репрезентација на неколку дневни подготовки допатуваа селекциите на Србија (Б- селекција) и на Австралија (Б-селекција), што е одлична можност за одигрување на контролни натпревари.

Read more...
 
Загреб ждребка

Македонија во Групата Б на Европското првенство во Загреб

Изминатиов викенд во центарот на Загреб на "Трг Бан Јелаќиќ" беа извлечени групите за престојното сениорско Европско првенство во ватерполо кое ќе се одржи во Загреб (29 август - 11 септември 2010 година) во машка и во женска конкуренција на отворениот базен "Младост" на Сава.
Во машка конкупенција настапуваат 12 репрезентации, по 6 во две групи, додека во женска конкуренција настапуваат 8 репрезентации, по 4во две групи.

Read more...
 
Sample image

Македонија по втор пат на Европско првенство- Одиме во Загреб!

Македонската ватерполо репрезентација се квалификува на Европското првенство во ватерполо што годинава ќе се одржи во Загреб, Хрватска.

Нашите ватерполисти изборија пласман како втори во групата Б со 3 поени зад Грција. На квалифицскиот турнир во Волос, Грција, Македонија во првото коло загуби од репрезантацијата Грција со резултат 5- 11, во второто коло во исклучително возбудлив натпревар ја победи репрезентацијата на Франција со погодок во последните секунди од натпреварот со резултат 9-8 и во третото коло ја совлада репрезентацијата на Словенија со резултат 7-4.

Read more...
 
Sample image

Зимско државно првеснтво, април 2010

Викендот на 24 и 25 април 2010 година на базенот “МЛАДОНСТ“- Карпош се одржа Зимско државно првеснтво за сениори, младинци, кадети, постари и помлади пионери во машка и женска конкуренција. На истото учество земаа  303 пливачи од 20 клубови во државата.

Во апсолутна категорија за најдобри пливачи беа прогласени Горазд Чепишевски (Вардар) во машка конкуренција со освоени 18 меделаи (14 златни и 4 сребрени) и Симона Маринова (Младост) со освоени 32 медали (27 златни, 3 сребрени и 2 бронзени) во женска конкуренција.

   

Последни фотографии

Left direction
MKD - GRE
MKD - GRE
MKD - GRE
MKD - GRE
Right direction
  • Најчитани

  • Интересно

Sample image Македонската ватерполо репрезентација се квалификува на Европското првенство во ватерполо што годинава ќе се одржи во Загреб, Хрватска.
Sample image

Линкови

http://www.fina.org/
Светска пливачка федерација
http://len.eu/
Европска пливачка федерација
www.croswim.org
Хрватска пливачка федерација
www.rfen.es
Пливачка федерација на Шпанија