|
||||
|
ВЕЛИЧЕНСТВЕН ПОДВИГ НА МАКЕДОНСКИОТ СПОРТ
Во историјата на Македонскиот спорт се допишува успехот на машката, сениорска, ватерполо репрезентација на 28-то европско првенство во Малага, Шпанија. Покрај ракометарките влегуваат и ватерполистите во аналите на Македонскиот спорт што учествувале на европски или светски првенства. Со премиерен настап нашите ватерполисти го освоија високото 8 место што ни докажува дека можеме да се справиме и со големите сили во ватерполото кои беа директни учесници во првенството. Кога ке се земе севкупниот ангажман, кусите подготовки и тренинзи, набиената програма за одигрување на натпреварите во групата и честото судење на Грчките судии на нашите натпревари, постигнатите резултати покажуваат дека припаѓаме во елитата на ватерполото т.е. на светското првенство во ватерполо 2009 во Рим. Во спортот се е можно докажува и податокот дека нашите дебитанти во премиерниот натпревар на првенството ја победуваат велесилата Романија, а за малку ни бега и Германија, но во решавачките моменти во борба за место ја победуваме големата репрезентација на Русија.
http://www.europeanchampionships.org/Malaga2008/?pag=PROGRAMME Т а б е л а
|
|
| © 2003 - Пливачка Федерација
на Македонија. Сите права се задржани. |
created
by Domino |