Утринава во 9:00часот од Соборниот Храм Св.Климент Охридски во Скопје
г-динот Илиќ како докажан и истакнат спортист, претседател на Пливачкиот ватерполо клуб Локомотива, член на ПФМ, го започна својот марш под мотото Македонските Спортисти Лобираат за НАТО и Евроинтеграциите .
Тој планира да помине низ четиринаесет држави (11.000 километри) комбинирајќи ги пешачкиот, пливачкиот и велосипедскиот маратон и да придонесе за приемот на Република Македонија во ЕУ и во НАТО.
Премиерот д-р Владо Бучковски и Амбасадорот на Европската Комисија во РМ г-дин Ерван Фуере ќе го придружуваат во еден дел од првата етапа.
Г-динот Илиќ беше испратен и од Првиот Претседател на Република Македонија, г-дин Киро Глигоров.
"Ја користам оваа прилика да се заблагодарам на Пливачката Федерација на Република Македонија особено на г-динот Стефан Пулејковски за големите заложби и подршка која ја добив за успешна реализација на овој марш, со едиствена цел олеснување на визниот режим и прием на РМ во НАТО структурите и во ЕУ под уставното име" - изјави г- дин Емил Илиќ, добитник на награда на град Скопје за заслужен спортист и предложен од страна на Пливачката Федерација на Република Македонија (ПФМ) за 13-то Ноемвриска награда.
Пливачката Федерација на Македонија со голема мотивираност зема активно учество во организацијата на овој марш и стапи во контакт со други спортски федерации, спортски работници, вљубеници во спортот за да дадат свој придонес во границите на своите можности за беспрекорна организација на маршот.
Ја користиме оваа прилика да ги поканиме сите спортски федерации, сите спортисти,стопанственици, политичари,сите Македонци да земат учество во овој марш, да ја дадат својата подршка за да г-динот Илиќ успее во својата заложба да ја реализира својата цел - влез на РМ под уставното име во НАТО структурите и во ЕУ.
|