АКТУЕЛНО!
______________________

Македонската ватерполо репрезентација ја извојува првата победа во својата група на Европското Првенство во Малага - Шпанија. Нашите репрезентативци извојуваа победа над репрезентацијата на Романија со 10 : 6. Стрелци на головите за нашата репрезентација беа: Небојша Милич (6 погодоци), Еди Бркич (2 погодоци) и Марко Башиќ (2 погодоци).

Пливачката Федерација на Македонија е почестена да биде домаќин на Квалификацискиот турнир за пласман Европското Првенство во Ватерполо кое ке се одржи во Малага.

Турнирот ке се одржи во периодот од 4ти до 6ти јануари а учество ке земат 4 репрезентации меѓу кои освен домаќинот, репрезентацијата на Република Македонија ке учесвтуваат и репрезентациите на Русија, Холандија и Белорусија.

Првите две репрезентации во групата директно се пласираат за Европското Првенство во ватерполо кое ќе се одржи во јули 2008 во Малага, Шпанија. Натпреварите ке се одиграат на базенот Карпош во Скопје
___________________