
Ватерполистите на квалификации за Олимпијадата
Извлекувањето на групите ќе се одржи на 19-ти Февруари во Лондон, Велика Британија.
Петте први репрезентации кои обезбедија учество за Едмонтон од европските преставници се репрезентациите на Црна Гора, Германија, Грција, Шпанија и Романија кои своето учество го обезбедија со остварениот пласман на Европското првентво во Ајндховен, Холандија. На нив им се придружуваат и репрезентациите на Холандија и Република Македонија кои ги заземаат местата на репрезентациите кои го откажаа учеството на квалификациониот турнир.
Во првата недела на Април, дванаесет екипи ќе се борат за првите 4 позиции кои водат на Олимписките игри во Лондон 2012.














