You are here: Почеток

Пливачка Федерација на Македонија

Македонија - Холандија 8 : 10

Mакедонија одлично го започна петтиот меч на Европското првенство против репрезентацијата на домаќинот, Холандија.  Со два гола предност и резултат од 4-2 во корист на Македонија ја завршивме првата четвртина и одлично го отвориме мечот. Меѓутоа, продолжетокот на натпреварот не беше поволен за нас и по втората (0-2), третата (2-3) и четвртата (2-3) четвртина Холанѓаните направија пресврт, а на крајот Македонија го загуби мечот  со резултат 8-10.

 

Пораз од Италија

Во четвртиот натпревар на Европското првенство во Ајндховен, нашите ватерполо репрезентативци се поразени од репрезентацијата на Италија со 15 - 5. 

Резултатот по четвртини беше: 2-3, 1-2,1-5, 1-5. 

По натпреварот селкторот Гочанин потенцираше дека „првите две четвртини добро ги одигравме, но во продолжетокот на натпреварот не игравме добро, игра без концентрација и лоша игра во одбраната. Мораме да го промениме ова размислување во престојниот меч со Холандија."

 

Поразени од Унгарија и покрај добрата игра

Македонските ватерполисти се поразени од Унгарците со 14 - 9. Овој резултат не ја одсликува реалната борба и добрата игра на нашите репрезентативци кои сепак не успеаа да дојдат до победа. Резултатот по четвртините беше следниов: 4-2, 4-4, 2-1, 4-2.

„Унгарија е многу силна репрезентација. Пробавме да играме во нападите многу лесно, со концентрација и цврста игра во одбраната. Мислам дека овој резултат е добар за нас и секогаш треба да играме со 'главата' како што игравме денес. “изјави селекторот Игор Гочанин по натпреварот.

 

Поразени во вториот натпревар

Вториот меч на Европското првенство во ватерполо кое се одржува во Ајндховен, Холандија, нашите репрезентативци го завршија со пораз 6-10 против репрезентацијата на Грција. 

„Без концентрација и без мотивација  во нападот, тоа е причината за овој резултат. Мораме да се потрудиме да одиграме подобро, со повеќе концентрација и смиреност.“ беше изјавата на селекторот Гочанин по завршетокот на натпреварот.

   

Фуриозен старт на ЕП, Македонија - Турција 16:4

Со фуриозна, тимска, брза и борбена игра, Македонската ватерполо репрезентација го започна Европското првенство во Ајндховен 2012 совладувајки ја репрезентациајта на Турција со неверојатни 16:4!

По раното водството од 0:1 на репрезентацијата на Турција, следеше неверојатен пресврт во корист на нашата репрезентација по кој резултатот и разликата по четвртини се движеше се повеќе и повеќе во корист на Македонија достигнувајки 16 гола за Македонија наспроти само 4 за Турција. Резултатот по четвртини беше:

 

Гочанин: „За почеток на Европското првенство, јас сум многу задоволен!”

По завршувањето на првиот меч за нашата репрезентација на Европското првенство во Ајндховен Холандија и по прекрасната победа над  репрезентациајта на Турција со неверојатни 16:4, изјави дадоа селекторот на нашата репрезентација Игор Гочанин, како и Мирослав Ранџич:

Игор Гочанин: “Како за прв меч, јас сум многу задоволен. Концентрацијата беше добра и се надевам дека ќе продолжиме да играме со глава и со концентрација при играч повеќе и при играч помалку. Тешко е да се каже нешто повеќе, бидејки резултатот е многу висок, но за почетокот на Европското првенство јас сум многу задоволен!”

 

Атмосферата одлична пред почетокот на ЕП

Атмосферата меѓу ватерполистите, нашите представници на Европското првенство во ватерполо кое започнува утре во Ајнхдовен, Холандија, е одлична!

Селекцијата е во комплетен состав и денес одржа два кратки тренинзи, во 14 и во 20 часот. Утре во 13 часот нашите ватерполисти го играат првиот меч од Европското првенство против селекцијата на Турција како дел од првото коло во Групата А. 

   

Лист 6 од 8

Последни фотографии

Спонзори и помагатели

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

Медиумска поддршка

Банер

Линкови

http://www.fina.org/
Светска пливачка федерација
http://len.eu/
Европска пливачка федерација
Waterpolo EC 2012 Eindhoven
Официјален портал за ЕП 2012 во ватерполо