You are here: Почеток Македонски куп во далечинско пливање

Македонски куп во далечинско пливање 2014

Е-пошта Печати PDF

Пливачката федерација на Република Македонија, како тело кое секогаш се труди да го подигне нивото на спортските случувања во земјава, оваа година покрај маратоните во пливање на Акумулација Козјак и Дојранско Езеро, ќе организира и Македонски куп во далечинско пливање во Акумулација Велешко Езеро. Покрај тоа што овие случувања допринесуваат за развој на пливањето како спорт во земјава, на младите им нудат можност да ги запознаат овие преубави а сепак не толку екслоатирани туристички дестинации во Македонија на еден забавен начин.

Оваа година во организација на ПФМ, а во соработка и техничка организација на ЈАСЕН, Јавно претпријатие основано од Владата на Република Македонија, Ве покануваме да ни се придружите на големата спортска манифестација МАКЕДОНСКИ КУП ВО ДАЛЕЧИНСКО ПЛИВАЊЕ 2014, која ќе се одржи на:

- Велешко Езеро - 17.08.2014 година

- Акумулација Козјак - 30.08.2014 година

- Дојранско Езеро - 13.09.2014 година

Трката на овие далечински купови во пливање ќе се одржи во неколку категории и тоа, 2.5 километри, 5 километри и олимписка дисциплина - 10 километри, во машка и во женска конкуренција.

Пријавата за Македонскиот куп во далечинско пливање 2014 може да го превземете овде.

Согласност од родители може да се превземе овде

Последно освежено ( Среда, 03 Септември 2014 14:30 )