You are here: Почеток Охридски Маратон Резултати ОМ 2014

Рикеман - победник на 28миот Охридски маратон

Е-пошта Печати PDF

Белгиецот Брајан Рикеман е победник на годинашното 28-мото издание на Охридскиот пливачки маратон, кој се плива во рамките на гран при серијата на Светската пливачка федерација (ФИНА). Патеката „Климе Савин“, долга 30 километри, Рикеман ја исплива за точно 5 часа, 41 минута и 47 секунди. Во драматичниот финиш тој успеа да триумфира пред другите пет пливачи, со кои во група речиси истовремено ја мина последната контролна точка кај Канео. 

По завршувањето на трката, видно задоволниот Рикеман изјави:

"Добра и неизвесна трка до самиот крај. Имав среќа што останав на врвот и заедно со Евгениј Поп Ацев влеговме во фотофиниш, каде што пресуди физичката подготвеност. Секако дека сум среќен, а и следната година ќе дојдам во Охрид да се натпреварувам со другите пливачи".

За пофалба е фактот што нашиот пливач Евгениј Поп Ацев мина втор на целта кај Градското пристаниште во Охрид со со само една секунда задоцнување, со време 5:41:48.22, додека третопласиран е Французинот Јоанес Едел со време 5:41:50.32 часа. По трката Евгениј Поп Ацев изјави:

"Штета што на крајот така испадна. Но таков е спортот, некој мора да загуби, а за жал овој пат тоа бев јас. Тактиката ми беше да се одлепам пред да влеземе во фотофинишот. Тоа и го направив, но не успеав да ја задржам предноста. Рикеман имаше предност поради своите пливачки предиспозиции, а тоа знаеше вешто и да го искористи".

И во женска конкуренција за првата позиција се одлучуваше во последните неколку метри, а прва целта успеа да ја мина Силвана Рибарова од Чешка (6:09:34.32), пред Аргентинката Геило (6:09:34.63). 

Македонската гордост, маратонецот Томи Стефаноски, кој воедно е водечкиот пливач во генералниот пласман трката ја заврши на осмата позиција.

"Од самиот почеток ми беше тешко и чувствував дека не можам да се справам со водечките. До хотелот „Горица“ рамноправно пливав во исто темпо, но потоа ме стигна заморот. А кога ќе ти избегаат водечките во тој дел од трката, многу е тешко да се вратиш. Ми преостанува да се борам докрај и да се надевам дека добро ќе закрепнам до последниот маратон во Капри" - истакна Стефаноски.

Лавровиот венец на победниците им ги врачи претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, кој е покровител на најпознатата меѓународна спортска манифестација во Македонија. По завршувањето на маратонот, и премиерот Груевски оствари средба со повеќе учесници на овој голем настан, а меѓу нив беа и македонските пливачи Евгениј Поп Ацев и Томи Стефановски.

Груевски им го честиташе добриот пласман, особено второто место на Поп Ацев.

Подолу се официјалните резултати од 28-миот Охридски Маратон, додека фотографиите од истиот може да ги погледнете овде.

Генерален пласман

Пливач

Земја

Време

1

Brian Ryckeman

BEL

5:41:47:80

2

Evgenij Pop Acev

MKD

5:41:48:22

3

Joanes Hedel

FRA

5:41:50:32

4

Bertrand Venturi

FRA

5:41:52:01

5

Eduardo Stochino

ITA

5:41:52:43

6

Xavier Desharnais

CAN

5:41:54:36

7

Damian Blaum

ARG

5:42:06:35

8

Tomi Stefanovski

MKD

5:46:07:56

9

Vitaliy Kudyakov

KAZ

5:46:09:00

10

Mateus Evangelista

BRA

5;51:02:54

11

Aleksandar Ilievski

MKD

5:56:45:64

12

Tsvetan Yordanov

BUL

6:04: 29:80

13

Silvie Rybarova

CZE

6:09:34:32

14

Pilar Geijo

ARG

6:09:34:63

15

Anna Mankevich

RUS

6:13:22:10

16

Samir Barel Botelho

BRA

6:27:55:60

17

Esther Nunez Morera

ESP

6:28:05:12

18

Simon Pistor

GER

6:42:48:72

19

Dina Levacic

CRO

6:55:28:76

20

Vanesa Rita Garcia

ARG

7:09:48:63

21

Aleksandar Pancevski

MKD

OTL

22

Dario Fernando Ciaramella

ARG

OTL

Последно освежено ( Понеделник, 25 Август 2014 13:08 )