You are here: Почеток

Миа Крстевска освои злато на митингот во Белград и го урна државниот рекорд

Е-пошта Печати PDF

Македонската пливачка Миа Крстевска имаше фантастичен настап на силнит Гран-при митинг во Белград, го освои првото место и постави нов државен рекорд во дисциплината 200 метри грбно.

 Миа Крстевска исплива со време од 2:21.33 и го освои златниот медал, постави државен рекорд и исполни норма за Европското младинско првенство и Младинската Олимпијада 2018.

Покрај Миа, одличен настап имаше и Иван Симоновски кој го освои златниот медал во 100 метри пеперутка со време од 57:65.

Со тоа Македонија за прв пат по 21 година ќе има тројца пливачи на младинска Балканијада која ќе се одржи во Сараево. Таму покрај Миа Крстевска и Иван Симоновски ќе биде уште и Ана Јаневска.

 

 

 

Последно освежено ( Понеделник, 16 Април 2018 11:27 )  

Пливање

Ватерполо Репрезентација

Ватерполо Клубови

Последни фотографии

Спонзори и помагатели

Банер
Банер
Банер
Банер

Медиумска поддршка

Банер