You are here: Почеток

Историски успех на ПФМ

Е-пошта Печати PDF

 Историски успех на ПФМ

 Викендов во Будимпешта се одржа конгрес на Европската пливачка федерација. За нас е посебно важно што е договорено во 2019 година во Македонија да се одржат две големи пливачки манифестации. 

На 17. авгист 2019 година во Македонија ќе се одржи ЛЕН Европскиот воден куп во олимписката дисциплина 10км.

Овој настан ќе биде и главен тест за добивање на организација на Европско првенство во далечинско пливање во 2020 година. Доколку Македонија го положи тестот, Охрид ќе биде домаќин на најголемиот пливачки настан досега одржан во нашата земја.

Балканските пливачки федерации го прифатија предлогот на претседателот на Македонската пливачка федерација, Александар Маленко за организација на Балканско првенство во далечинско пливање. Македонија од 8 до 10 август 2019 година ќе биде домаќин на балканските земји на натпреварување во дисциплините 5км, 7,5км, 10км и штафети 

Воедно Претседателот на ПФМ Александар Маленко е избран за член на техничкиот комитет OpenWater на ЛЕН, a na 21.06.2018 во Тарагона, Шпанија ќе биде назначен за Претседател на техничкиот комитет Open Water на Медитерански пливачки федерации во кои се вклучени 28 земји.

  

Последно освежено ( Понеделник, 04 Јуни 2018 12:27 )  

Пливање

Ватерполо Репрезентација

Ватерполо Клубови

Последни фотографии

Спонзори и помагатели

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

Медиумска поддршка

Банер