You are here: Почеток Ватерполо

Новости

Младите ватерполисти на квалификации за ЕП

 

Младинската ватерполо репрезентација на Македонија во периодот од 24 до 27 мај учествува на квалификациониот турнир за пласман на Европското Првенство за ватерполисти под 19 години кој се одржува во Варна, Бугарија. Во нашата група освен Македонија учествуваат и Русија, Бугарија, Израел и Украина, а само прво пласираните две репрезентации ќе обезбедат учество на Европското Првенство кое ќе се одржи во септември годинава во Франција.

Oчекувањата за квалификациониот турнир ги пренесува селекторот Сашо Христовски: „Не можеме да бидеме големи оптимисти за пласман на Европското првенство. Со оглед на тоа што во минатиот период имавме големи проблеми со одржување на формата на ватерполистите која до тогаш имаше нагорна линија, но за жал истата опадна затоа што формата не се одржува доколку ватерполистите немаат основни услови за тренинг и воигрување. 

Последно освежено на Петок, 17 Август 2012 16:29
 

Достоинствен пласман на 6-то место за ватерполистите

Ватерполо репрезентацијата на Македонија достоинствено го заврши квалификациониот турнир во Едмонтон Канада освојувајќи го 6-тото место на турнирот во конкуренција на 12 репрезентации. Вчера во борбата за 5-тото место нашите репрезентативци несреќно го загубија мечот во последните секунди иако на неполна минута пред крајот имаа можност да го добијат натпреварот и да завршат и на петтото место. 

Се на се, ватерполистите достојно ја преставија нашата земја извојувајќи 2 победи против Холандија и Германија. Со малку повеќе среќа особено во натпреварите против Романија, а потоа и Канада, пласманот на Олимписките игри во Лондон ќе беше на дофат. Во продолжение е историјатот на натпревари на ватерполо репрезентацијата на Македонија и конечниот пласман во групата А на квалификациониот турнир во Едмонтон.

Последно освежено на Понеделник, 09 Април 2012 10:03
 

Пренос во живо од Едмонтон

Последно освежено на Недела, 01 Април 2012 17:11
   

Ватерполистите ги чекираа картите за Едмонтон


Заврши периодот на неизвеснот за ватерполистите и за Пливачката федерација на Македонија! Денес официјално е потврдено дека ватерполо репрезентацијата на Македонија заминува за Едмонтон каде со останатите репрезентации на турнирот во Канада ќе се бори за пласман на Олимписките игри во Лондон.
 
Изјави: 
 
„И покрај сите неизвесности и проблеми како недостатокот на финансии, откажување на билетите од агенциите, сепак на крајот докажавме дека националното чуство преовладa и со помошта на неколку поединци, поддржувачи и спонзори во последните мигови успеавме да дојдеме до решение на сите проблеми и докажавме дека сонот може да стане реалност. Би сакале да се заблагодариме на Агенцијата за млади и спорт и директорот Лазе Поповски како и на сите останати помагатели кои потпомогнаа во овие тешки мигови. Се надеваме дека потешкотиите кои ги имавме при заминувањето на ватерполо репрезентацијата ќе ни се вратат со среќа на натпреварите во Едмонтон!“
 
- Пливачка Федерација на Македонија
Последно освежено на Петок, 30 Март 2012 11:17
 

Прием кај министерката за внатрешни работи г-ѓа Гордана Јанкулоска

Ватерполо репрезентацијата на Македонија денес беше примена од Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска во Министерството за внатрешни работи на РМ при што министерката Јанкулоска им честита на ватерполистите за сите досегашни успеси како и за афирмацијата на македонскиот спорт а со тоа и на целата држава. Министерката Јанкулоска им посака уште поголем успех на претстојниот квалификациски турнир во Едмонтон (Канада) на кој што македонските ватерполисти ќе се борат за едно од местата кои водат на Олимпијадата во Лондон.
 
Ватерполо репрезентацијата на министерката Јанкулоска и подари ватерполо топка со постписи од сите ватерполисти како и врамена плакета со освоената бронзена медалја од минатогодишната Универзијада во Кина каде македонските ватерполисти го освоија третото место и ја донесоа првата медалја освоена од една македонска репрезентација на големите меѓународни натпреварувања.
Последно освежено на Четврток, 22 Март 2012 18:53