| пливање |
светски
рекорди за 25м кратки базени
|
| |
|

Братислава 2007 |
| 03.09.2007 |
Сензација среде Братислава!
На вториот натпреварувачки ден од Европскиот квалификациски турнир за пласман на Олимписките игри во Пекинг 2008 г. во Братислава се случи првата сензација. Репрезентацијата на Република Македонија прикажувајќи извонредна игра среде Братислава, ја победи репрезентацијата на домаќинот, Словачка, со 10:8 и ја извојува првата победа на турнирот.
| Резултат по четвртини: |
[3-3] [2-0] [1-3] [4-2]
|
| Судии: |
Гомез
Ф. (ITA), Кишзели Г. (HUN) |
| Делегат: |
Шаронов Е.
(RUS)
|
Останати одиграни натпревари:
Група Б 11:30 ч. Ц. Гора - Словенија 19:4
Група Б 13:00 ч. Италија - Холандија 10:4
Група A 17:00 ч. Франција - Русија 8:14
Група A 18:30 ч. Македонија - Словачка 10:8
Група Б 20:00 ч. Романија - Германија 7:10
Инфо телефон за новинарите: +421915080322 |
|

Братислава 2007 |
| 03.09.2007 |
Заврши првиот ден од Европскиот квалификациски турнир за пласман на Олимписките игри во Пекинг 2008 г. во Братислава, Словачка.
Постигнатите резултати беа очекувани. Во супер дерби мечот последен на репертоарот од првиот ден, репрезентативците на Црна Гора ги победија своите колеги од репрезентацијата на Италија со 12:8 со што потврдија дека се најсериозен кандидат за пласман на Олимписките игри во Пекинг 2008г.
Конечни резултати од првиот натпреварувачки ден (02.09.2007):
Група А 11:30 ч. Германија - Франција 19:5
Група Б 13:00 ч. Грција - Словенија 13:4
Група A 16:30 ч. Романија - Македонија 14:9
Група A 19:00 ч. Русија - Словачка 9:8
Група Б 20:30 ч. Италија - Ц. Гора 8:12
Инфо телефон за новинарите: +421915080322 |
|
Братислава 2007 |
| 02.09.2007 |
Група A 16:30 ч. Романија - Македонија 14:9
| Резултат по четвртини: |
[2-2] [5-1] [5-2] [2-4] |
| Судии: |
Кишзели Г. (HUN), Бргуљан M. (MNE) |
| Делегат: |
Бебиќ M. (CRO) |
Нашите репрезентативци достојно ги бранеа боите на Република Македониjа во дуелот со појакиот противник na првиот меч од турнирот ремизирајќи во првата четвртина и добивајќи ја последната четвртина во своја корист.
Утре, на вториот ден од Европскиот квалификациски турнир за пласман на Олимписките игри во Пекинг 2008 г. нашата репрезентација ќе игра против репрезентацијата на домаќинот, Словачка.
Инфо телефон за новинарите: +421915080322 |
|
Братислава 2007 |
| 02.09.2007 |
Од 02 до 09 Септември 2007 г. во Братислава, Словачка ќе се одржи Европскиот квалификациски турнир за пласман на Олимписките игри во Пекинг 2008 г.
На турнирот настапуваат репрезентации како Црна Гора, Италија, Романија, Грција, Германија и други кои претставуваат врв во светското ватерполо.
По извонредните игри кои ги прикажа Македонската ватерполо репрезентација на Б Европското првенство во Манчестер со освојувањето на високото 4-то место избори пласман за настап на овој престижен турнир.
Нашата репрезентација се наоѓа во Групата А каде денеска во 16:30 ч. ќе има тежок натпревар против фаворитот, репрезентацијата на Романија.
Одиграни натпревари:
Група А 11:30 ч. Германија - Франција 19:5
Група Б 13:00 ч. Грција - Словенија 13:4
Инфо телефон за новинарите: +421915080322 |
|
21-во издание на Охридскиот пливачки маратон |
| 17.07.2007 |
На 21 јули, оваа Сабота, на прекрасното Охридско езеро ќе се одржи 21-то издание на Охридскиот пливачки маратон. Како и секоја година, така и оваа, Охрид ќе биде домаќин на светската маратонска елита во машка и женска конкуренција. |
|
Македонија четврта во Манчестер |
| 16.07.2007 |
Историски пласман на Македонската ватерполо репрезентација на Б - Европското првенство во Манчестер 2007.
Во група заедно со фаворизираната репрезентација на Ц. Гора и јаката репрезентација на Белорусија, нашите репрезентативци постигнаа голем успех. Со извонредни игри победувајќи ги Белорусија, Турција, Белгија и Малта, а доживувајќи само еден пораз и тоа од супер тимот на Ц. Гора нашата репрезентација заслужено го освои второто место во А Групата со што избори пласман во четврт-финалето.
Наш противник во четврт-финалето беше репрезентацијата на Украина која со сигурна игра за време на целиот натпревар целосно ја надигравме и заслужено се пласиравме во полу-финалето.
Таму не чекаше минатогодишниот шампион, репрезентацијата на Франција. Во многу тежок натпревар во кој нашите репрезентативци успеаа да добијат две четвртини, искуството на репрезентативците на Франција беше пресудно, при што загубивме со 12-9.
Во борбата за третото место се сретнавме со репрезентацијата на Белорусија на чија страна овој пат беше спортската среќа. Во трилер натпревар, Белорусите беа подобри само за еден гол (8-7).
Освојувањето на четвртото место сепак е најголемиот успех во историјата на Македонското ватерполо, при што тоа место не води директно во квалификациите за настап на Олимписките игри во Пекинг 2008г. |
|
|
Б - Европското првенство во ватерполо - Манчестер 2007 |
| 07.07.2007 |
Изминатиот месец во Скопје интензивно се одвиваа подготовките на нашата ватерполо репрезентација за престојниот предизвик во Манчестер.
Под водство на реномираниот ватерполо стручњак Александар Крстоношиќ и со максимално залагање од страна на нашите репрезентативци, подготовките во целост беа успешни и придонесоа за значително зголемување на самодовербата во нашите редови.
Од 02-06.07.2007 нашиот национален тим престојуваше во Амстердам каде беа одиграни неколку пријателски натпревари со соодветниот тим на Холандија. Победите извојувани над Холандската репрезентација, која високо котира во европски рамки, ни даваат реални надежи за висок пласман на Б - Европското првенство во Манчестер. |
|
|
Историски пласман на Македонската ватерполо репрезентација на Б-Европското првенство во Манчестер 2007 |
| 18.03.2007 |
Денес, во извонредно тежок натпревар, нашата сениорска репрезентација со 12:8 ја победи репрезентацијата на домаќинот Данска и освојувајќи го второто место на табелата избори право за историски настап на Б-Европското првенство во ватерполо кое ќе се одржи ова лето во Манчестер, Англија. Откако вчера, во несреќни околности, со помош на судиите, нашата репрезентација загуби од репрезентацијата на Белгија со резултат 10:8, денес под уште поголем притисок од страна на публиката и судиите нашите ватерполисти, давајќи се од себе, го постигнаа најголемиот успех во историјата на Македонското ватерполо.
|
|
| Квалификации за Б-Европоско првенство во ватерполо |
| 17.03.2007 |
Сениорската ватерполо репрезентација на Република Македонија направи успешен come back на европската сцена со вчерашната победа од 11:7 над репрезентацијата на Чешка. Како дел од квалификацискиот турнир за Б -Европското првенство кој се одржува во Одензе, Данска, нашите ватерполисти треба да се соочат и со репрезентативците на Белгија и на домаќинот Данска.
|
|
| ФИНА Светски Куп во маратонско пливање 2007 |
| 05.02.2007 |
На вчера одржаниот маратон Санта Фе - Рио Коронда 2007 во Аргентина нашиот маратонец Михајло Ристовски патеката долга 57км ја исплива за време од 7:42.51 и го освои извонредното 5-то место. Најбрз беше Петар Стојчев, повеќекратниот освојувач на ФИНА Светскиот Куп во маратонско пливање, а веднаш зад него завршија Дамјан Блаум (АРГ) и Тихомир Иванчев (БУЛ).
Овој пласман претставува уште еден извонреден резултат за Михајло Ристовски во натпреварите од ФИНА Светскиот Куп во маратонско пливање 2007. |
|
| Предлог календар за натпреварите во 2007 година |
| 22.01.2007 |
Јануари |
Февруари |
| 26-28 ММ Серес опен |
10-11 ММ Стар 2007, Крањ опен |
|
9-11 ММ Копа Карневале, Виарежо
ж=90-94 и м=89-93
|
|
10-11 ММ Мимоза Куп, Х.Нови опен |
Март |
Април |
| 3-4 Државно првенство сениори/младинци |
14-15 ММ Април 2007, Скопје опен и младинци |
| 10-11 Државно првенство кадети/постари пионери |
27-29 ММ Аустрија Митинг 2007, Виена
ж=90-92 и м=88-89
|
| 17-18 Државно првенство помлади пионери/цицибани |
|
| 15-30 Светско првенство Мелбурн |
|
Мај |
Јуни |
| 5-6 ММ Илирија 2007, Љубљана опен |
2-3 ММ Златна Мечка, Загреб опен |
| 5-7 ММ Акрополис 2007, Атина опен |
2-3 Државно првенство сениори/младинци |
19-20 MM Покал Места, Љубљана
м=90-91-92 и ж=92-93-94 и помлади |
24-25 ММ Словениа опен 2007, Радовљица |
Јули |
Октомври |
| 1-2 Државно првенство помлади пионери/цицибани |
15 Немо Куп 2007 |
| 7-8 Државно првенство кадети/постари пионери |
28-29 Меморијал Анте Ламбаша |
| 17-22 Олимписки млади надежи, Белград м=91-92 и ж=93-94 |
|
| 19-22 ЕМП, Дебрецин 2007 |
|
| 23-24 ММ Ден на солидарноста, Скопје |
|
| 30-31 7-мо Балканско Младинско Првенство |
|
Ноември |
Декември |
| 11-12 Београд опен 2007 СЦГ |
2-3 ММ Зрењанин куп 2007, Зрењанин |
| 11-12 ММ 13 Ноември 2007, Скопје |
6-9 ЕП во кратки базени |
| 18-19 ММ Војводина 2007, Н. Сад |
22-23 ММ Св. Никола 2007, Ниш
м=88-93 и 90-91 и ж=90-95
|
| 18-19 ММ Младост 2007, Загреб |
29-30 ММ Дедо Мараз 2007, Н. Сад |
| 25-26 ММ Александер 2007, Солун |
|
|
|
| ФИНА Светски Куп во маратонско пливање 2007 |
| 22.01.2007 |
На вчера одржаниот маратон Хернандариас - Парана 2007 во Аргентина нашиот маратонец Михајло Ристовски патеката долга 88км ја исплива за време од 9:16.11 и го освои извонредното 4-то место веднаш зад Петар Стојчев, повеќекратниот освојувач на ФИНА Светскиот Куп во маратонско пливање. Најбрз беше домашниот пливач Дамјан Блаум, а веднаш зад него заврши Александер Стуѕински од Германија.
Овој резултат претставува одличен старт за Михајло Ристовски во натпреварите од ФИНА Светскиот Куп во маратонско пливање 2007. |
|
| Квалификациски турнир за „Б“ Европско ватерполо првенство |
| 17.01.2007 |
На неодамна извршеното извлекување за групите на квалификациските турнири за „Б“ Европското ватерполо првенство нашата ватерполо репрезентација беше извлечена во групата Б во која заедно со Данска, Чешка и Белгија ќе се бори за пласман на „Б“ Европското ватерполо првенство во Манчестер, Велика Британија. Домаќин на групата Б е градот Одензе, Данска каде од 16-18 Март ќе се води жестока битка за првите две места кои водат во Манчестер.
|
|
| Mеѓународен пливачки митинг „Феникс 2006“ Сомбор |
| 04.12.2006 |
На 02.12.2006 во Сомбор, Србија во организација на пливачкиот клуб Феникс се одржа традиционалниот меѓународен пливачки митинг „Феникс 2006“. Наши претставници беа пливачите од клубовите ПК „Вардар“, ПК „Бамбини“, ПК „Делфин“ и ПВК „Орион“ од Скопје кои постигнаа извонредни резултати.
ПВК „Орион“
Ристовска Мирјана, категоријата „Е“, 50м слободно
(36:49) 1-во место
и 50м делфин
(42:40)
1-во место; Марковски Ведран, категоријата „F“ , 50м грбно
(41:83) 1-во место, и 50м слободно
(34:62)
3-то место.
ПК „Бамбини“
Тасевска Тијана,„В“ категорија, 100м мешано (1:18:87) 1-во место, и 50м слободно (30:95) 2-ро место; Секуловска Ели, „D“ категоријата, 50м делфин (36:31) 1-во место, и 50м слободно (32:99) 2-ро место; Спасовска Тијана, катефоријата „C“, 50м градно (40:49) 1-во место, и 50м делфин (37.13) 3-то место; Стефановски Бојан, категорија „F“, 50м делфин (45:55) 3-то место; женска штафета 4х50м делфин (2:39:06) 3-то место. |
|
| Ватерполо турнир Скопје 13-ти Ноември 2006 |
| 06.11.2006 |
Од 10-12 Ноември 2006 година, на базенот „Млаост“ - Карпош ќе се одржи меѓународниот ватерполо турнир Скопје 13-ти Ноември 2006. На овој турнир ќе настапат седум екипи од кои четри сениорски. Организатор на овој турнир е ВК Вардар. |
|
|
| Семинар за ватерполо тренери во млади категории |
| 02.11.2006 |
Во Недела, 12 Ноември 2006 година, во 12ч. во хотел „Центар“ ќе се одржи Семинар за ватерполо тренери во млади категории во организација на Пливачката Федерација на Република Македонија и Тренерската ватерполо организација на кој учество ќе земат наши еминентни стручњаци од областа на ватерполото, пливањето, спортската психологија и психо-моториката. |
|
|
| ФИНА квалификациски норми за Олимпијадата во Пекинг 2008 |
| 02.11.2006 |
ФИНА ги одреди А и Б стандардите за квалификациските норми за 29-те Олимписки игри кои ќе се одржат во Пекинг 2008 година. |
|
|
|
| Србија најдобра на стариот континент |
| 11.9.2006 |
Во вчерашното финале на 27-то ЛЕН Европско првенство во ватерполо за мажи на кое за титулата се бореа репрезентациите на Србија и нивниот најголем конкурент Унгарија, во неизвесен натпревар домаќинот славеше со 9:8 и за прв пат под новото име го освои европското залато. Во борбата за третото место Шпанија убедливо ја совлада Романија со 10:4.
Во женскиот дел од турнирот, исто така, се одигра извонредно финале во кое репрезентативките на Русија ги совладаа своите сопернички од Италија со 12:10. Трета беше Унгарија која во неизвесен меч ја совлада Шпанија со 12:11. |
|
| 27-мо ЛЕН Европско првенство во ватерполо |
| 1.9.2006 |
Од 1-10 Септември во Белград, Србија ќе се одржи 27-то ЛЕН Европско првенство во ватерполо за мажи и жени.
12 репрезентации во машка и 8 во женска конкуренција на спортските комплекси Ташмајдан и Бањица ќе се борат за освојување на европскиот трон. |
|
|
| 4-то ФИНА Светско првенство во маратонско пливање |
| 29.8.2006 |
| |
Од 29 Август до 3 Септември во Наполи, Италија ќе се одржи 4-то ФИНА Светско првенство во маратонско пливање. Стотици натпреварувачи од целиот свет ќе се натпреваруваат на Тиренското Море во дисциплините 5, 10 и 25км.
Наш претставник е Михајло Ристовски кој на 3 Септември ќе ги брани боите на нашата татковина во трката на 25км. |
|
|
| ЛЕН Eвропско Првенство во пливање, Будимпешта 2006 |
| 7.8.2006 |
28-то ЛЕН Европско Првенство во пливање се одржа во периодот од 26 Јули до 6 Август во Будимпешта, Унгарија. Извонредно организираното првенство на кое настапија бројни спортисти од цела Европа беше крунисано со рушење на неколку светски и европски рекорди.
Наш единствен претставник во Будимпешта беше Весна Стојановска која настапи во квалификациите на 200м пеперутка и 400м слободно. На покусата патека го освои 21-то место со време 2:18.10, а на 400м слободно беше 28-ма со време од 4:35.01.
|
|
| Нов државен младински рекорд |
| 1.8.2006 |
Нашата пливачка Елена Поповска на Балканијадата која се одржа изминатиот викенд на Кипар, во дисциплината 50м слободно постави нов државен младински рекорд освојувајќи го второто место со време од 27:75.
|
|
| Прв банкомат во село |
| 15.7.2006 |
ПроКредит Банка, се погрижи и малите населени места да добијатбанкомат, при што месното население и бројните посетители во Пештани долж охриската ривиера нема да мораат да одат до градот, за да ги употребат своите картички. Имено, банкоматот ги поддржува сите брендови на дебитни и кредитни картички: Виза, Мастер, Маестро како и ПроКард сопствената картичка на ПроКредит Банка и е видливо лоциран кај продавниците покрај автопатот.Пештанци, први добија бесплатни дебитни картички од ПроКредит Банка, за користење набанкоматот.
На денот на 20-ттиот јубилеен маратон, светската елита во маратонското пливање, предводена од петкратниот победник на Охридскиот маратон, Петар Стојчев, ја направи првата трансакција на банкоматот.
Банката до крајот на годината планира да ја достигне бројката до 60 инсталирани банкомати, пред се имајќи ги во предвид потребите на населението во внатрешноста на Македонија.
|
|
| Враќање на маратонците во татковината |
| 17.7.2006 |
На 19.07.2006 г. (среда) по успешно реализираната прва фаза на Грандиозниот Маратон под мотото Македонските спортисти лобираат за НАТО и Евроинтеграциите учесниците на маратонот на чело со г-дин Емил Илиќ ќе се вратат во татковината. По изминати 11000км со пливање, пешачење и возење велосипед, маратонците ќе бидат пречекани пред Соборниот Храм Св. климент Охридски во Скопје во среда во 13:45 часот.
|
|
| Европско младинско првенство на отворени води |
| 17.7.2006 |
Од 15-16 Јули, 2006г. во Клинк, Германија се одржа Европското младинско првенство на отворени води. Во голема конкуренција настапија нашите надежи Попацев Евгениј и Дечкова Јана и постигнаа завидни резултати.
|
|
|
| 20-то издание на Охридскиот Пливачки Маратон |
| 17.7.2006 |
Овој викенд на 15.07 на прекрасното Охридско Езеро се одржа јубилејното издание на Охридскиот Маратон. Во неизвесна трка и феноменален фото финиш победи Петар Стојчев (Бугарија) пред Мохамед Ел Занати (Египет). Во женска конкуренција по откажувањето на главната фаворитка за првото место Ангела Маурер поради здравствени причини, за прв пат на пиедесталот се качи Дарја Поп (Србија).
|
|
|
| Летно државно првенство за кадети и постари пионери |
| 11.7.2006 |
На Олимпискиот базен Центар во Скопје од 8 до 10 овој месец се одржа Летното државно првенство за кадети и постари пионери. Во организација на ПК Вардар од Скопје, на првенството настапија околу 150 пливачи од 13 клубови од Скопје, Куманово и Битола.
|
|
|
| Известување |
| 29.6.2006 |
До пливачките и ватерполо клубови, членови на ПФМ:
Поради инцидентите и ситуацијата која што настана за време на одржување на состанокот на членовите на Управниот Одбор на ПФМ во проширен состав во присуство на претставници од сите клубови - членови на Пливачка Федерација на Македонија, по основ неусогласување на ставови за изборното Собрание кое што требаше да се одржи денес во 15ч во просториите на Факултетот за Физичка Култура, Ве информораме дека истото се одложува на неопределено време. |
|
| Орки Куп 2006 |
| 28.6.2006 |
На базенот Карпош од 29 јуни до 1 јули ќе се одржи Петтиот Интернационален Ватерполо турнир Орки Куп 2006. Освен домаќинот на овој турнир ќе настапат ватерполо екипите на Галатасарај од Истанбул, Турција и Ниш од Ниш, Србија.
|
|
|
| Меѓународен пливачки митинг Мобител 2006 |
| 28.6.2006 |
Изминатиот викенд во Радовљица, Словенија се одржа Меѓународниот пливачки митинг Мобител 2006 на кој голем успех постигнаа пливачите на АПК Студент.
|
|
|
| Спидо 2006 |
| 7.6.2006 |
Нашата млада надеж Ведран Марковски со освоени две златни медали во целост го заслужи Пехарот за најуспешен пливач и најдобар постигнат резултат на Меѓународниот пливачки митинг Спидо 2006 кој се одржа изминатиот викенд во Велс, Австрија.
|
|
|
| Соопштение |
| 2.6.2006 |
На ден 3 Јуни 2006 година (сабота) на Олимпискиот базен Центар во Скопје ќе се одржи Контролен натпревар на 5000 метри за кандидатите во маратонско пливање.
|
|
| Соопштение |
| 30.5.2006 |
На ден 14 Јуни 2006 година (среда) ќе се одржи Изборно Собрание на Пливачката Федерација на Република Македонија.
На Дневен Ред се избор на Претседател на ПФМ и избор на членови на Управниот Одбор на ПФМ.
|
|
| Крај на Државно првенство во ватерполо - сениори |
| 30.5.2006 |
Изминатиот викенд, со одигрување на последните два натпревари, заврши Државното првенство на Македонија во ватерполо во сениорска конкуренција.
По одиграни дваесет натпревари, организирани во двокружен систем, на првото место на табелата, заслужено, се најде
сениорската екипа на ВК Бисер од Скопје со освоени 15 поени.
|
|
|
| Македонските Спортисти Лобираат за НАТО и Евроинтеграциите |
| 26.5.2006 |
Утринава во 9:00часот од Соборниот Храм Св.Климент Охридски во Скопје
г-динот Илиќ како докажан и истакнат спортист, претседател на Пливачкиот ватерполо клуб Локомотива, член на ПФМ, го започна својот марш под мотото Македонските Спортисти Лобираат за НАТО и Евроинтеграциите .
Тој планира да помине низ четиринаесет држави (11.000 километри) комбинирајќи ги пешачкиот, пливачкиот и велосипедскиот маратон и да придонесе за приемот на Република Македонија во ЕУ и во НАТО.
Премиерот Владо Бучковски ќе го придружува во еден дел од првата етапа.
|
|
|
| Сисак 2006 |
| 17.5.2006 |
На покана од П.К. Сисак, Хрватска, три наши пливачки клубови, П.К.18 Август, П.К.Скопје и П.К.Студент, учествуваа на реномираниот меѓународен пливачки митинг Сисак 2006 кој се одржа во истоимениот град од 13-14.05.2006 година.
|
|
|
| Делфин Куп 2006 |
| 17.5.2006 |
Во организација на П.В.К. Делфин од Скопје од 20-21.05.2006 година на базенот Младост - Карпош ќе се одржи Вториот Меѓународен Пливачки Митинг Делфин Куп 2006. Пливачите ќе се натпреваруваат во четири категории, и тоа:
Категорија А 1991/1992 машки и женски
Категорија Б 1991/1992 машки и женски
Категорија Ц 1991/1992 машки и женски
Категорија Д 1991/1992 машки и женски |
|
|
| Пионерската ватерполо репрезентација на турнир во Бугарија |
| 16.5.2006 |
По подолг период отсуство од меѓународната сцена, нашата пионерска ватерполо репрезентација ( 92год. и помали) на покана од Ватерполо Федерацијата на Бугарија зема учество на вториот интернационален меморијал – Никола Нанов Пашата, ватерполо турнир кој се одржа во Софија, Бугарија во период од 12-14, Мај 20006г .
|
|
|
|
| Државно првенство во ватерполо - сениори |
| 8.5.2006 |
На Олимпискиот базен Центар, овој викенд, екипите на ПВК Бисер и ВК Младост Т.В. одиграа дерби натпревар во борба за шампионската титула на Република Македонија во сениорска конкуренција.
Во тврд натпревар екипата на ПВК Бисер успеа да го надигра противникот, доминирајќи во третата и четвртата четвртина, и со постигнати 13 голови, а примени 6 заслужено се качи на првото место на табелата.
|
|
|
| Еуросвим 2006 |
| 8.5.2006 |
На базенот Младост во Карпош од 6 до 7 Мај во организација на пливачкиот клуб Акватик се одрша Меѓународниот пливачки митинг Еуросвим 2006.
|
|
|
| Известување |
| 25.4.2006 |
Комисијата за здравствена заштита и анти допинг контрола при Агенцијата за млади и спорт и Македонскиот Олимписки Комитет во периодот од Мај до Декенври 2006 година ќе врши анти-допинг контрола на членовите на пливачките и ватерполо клубови.
|
|
|
| Државно првенство во ватерполо - сениори |
| 17.4.2006 |
Изминатиот викенд, на 15 и 16 Април, на базенот Младост во Скопје се одиграа два натпревари од Државното првенство во ватерполо за категоријата сениори.
|
|
|
| Прес конференција по повод одржувањето на Меѓународен пливачки митинг Април 2006 |
| 14.4.2006 |
На 15 и 16 Април оваа година на Олимпискиот базен во Скопје ќе се одржи традиционалниот меѓународен пливачки митинг Април 2006.
По тој повод денес во 13:00 во просториите на Хотел Центар - Скопје се одржа прес конференција.
|
|
|
| Меѓународен пливачки митинг Април 2006 |
| 10.4.2006 |
На 15 и 16 Април оваа година на Олимпискиот базен во Скопје ќе се одржи традиционалниот меѓународен пливачки митинг Април 2006.
Покрај пливачи од нашите клубови најавено присуство имаат и пливачи од повеќе Европски земји.
|
|
|
| 8-мо ФИНА Светско првенство во пливање на 25м базени |
| 10.4.2006 |
Во голема и силна конкуренција на пливачи од целиот свет, на Светското првенство во Шангај - Кина, нашите репрезентативци Александар Маленко и Сергеј Наумовски успешно ја претставија нашата земја и ги постигнаа следниве резултати:
Александар Маленко
100м слободно 49-то место со време од 51.47, и
100м пеперутка 40-то место
со време од 55.56
Сергеј Наумовски
50м слободно 55-то место со време од 24.13,
100м слободно
59-то место со време од 52.61, и
200м слободно 47-мо место со време од 1.57.49
|
|
| Државно првенство во пливање за помлади пионери и цицибани |
| 20.3.2006 |
Викендов, на 18 и 19 Март на базенот Младост се одржа државното првенство во пливање за помлади пионери и цицибани, во 25 метарски базени.
|
|
|
| Најава!!! |
| 14.3.2006 |
Од 5 до 9 Април 2006 г. во Шангај, Кина ќе се одржи 8-то ФИНА светско првенство во пливање на 25 м. базени.
Македонија ќе ја претставуваат Александар Маленко кој ќе настапи во дисциплините 100 м. слободно и 100 м. делфин и Сергеј Наумовски кој ќе настапи во дисциплините 50, 100, 200 м. слободно.
|
|
| Државно првенство во пливање за кадети и постари пионери |
| 14.3.2006 |
Викендов, на 11 и 12 Март на базенот Младост се одржа државното првенство во пливање за кадети и постари пионери, во 25 метарски базени.
|
|
|
| Најава!!! |
| 14.3.2006 |
На 30 Март 2006 г. ќе се одржи Изборно Собрание на ПФМ.
На дневен ред ќе биде избор на нов претседател на ПФМ и избор на членови на УО на ПФМ.
|
|
| Најава!!! |
| 6.3.2006 |
На 11 и 12 Март 2006 г. ќе се одржи државно првенство во пливање за кадети и постари пионери. Уплатата на стартарината и доставувањето на пријавите да се изврши најдоцна до среда, 8 Март 2006 г. во просториите на ПФМ.
На 18 и 19 Март ќе се одржи државно првенство во пливање за помлади пионери и цицибани.
|
|
| Државно првенство во пливање за сениори и младинци |
| 6.3.2006 |
Викендов, на 04 и 05 Март на базенот Младост се одржа државното првенство во пливање за сениори и младинци, во 25 метарски базени.
|
|
|
| Елена Поповска со НОВ ДРЖАВЕН РЕКОРД |
| 27.2.2006 |
Од 24 до 26.2.2006 г. во Ријека, Хрватска се одржа отвореното младинско првенство во пливање на 25 метарски базени на кое учество зема и нашата пливачка Елена Поповска.
Елена Поповска, која е член на Пливачкиот клуб Скопје, на ова натпреварување постигна нов државен младински рекорд во дисциплината 50 метри делфин со време од 30.31
|
|
| Државно првенство во ватерполо |
| 27.2.2006 |
Се одиграа два нови натпревари од сениорското Државно првенство во ватерполо...
|
|
|
| Известување за уплата на годишна котизација |
| 25.2.2006 |
Согласно со Одлуката донесена на состанок на управниот одбор на пливачката Федерација на Република Македонија, одржан на 2.2.2006 г. секој клуб треба да уплати годишна котизација во висина од 3000,00 денари на две еднакви рати со што се стекнува со право да настапува на државните првенства.
Заклучно со 1.3.2006 г. секој клуб треба да ја уплати првата рата во висина од 1500,00 денари на жиро сметката на Пливачката Федерација на Република Македонија со број 250000000101088, депонент Инвест Банка А.Д. Скопје со што ќе се здобијат со право да настапат на престојното државно првенство за сениори и младинци кое ќе се одржи на 4 и 5 Март 2006 г. во Скопје.
Стартарината, која е во висина од 200,00 денари за секој пливач од стартната листа, и пријавите за настап по дисциплини мора да се достават во седиштето на Пливачката Федерација најдоцна до 1.3.2006 г. (среда).
|
|
| Почеток на новото Државно првенство во ватерполо |
| 12.12.2005 |
| На базенот “Младост'' во Скопје викендов отпочна новото Државно првенство во ватерполо. Натпреварите ќе се одвиваат во категориите “Сениори’’, “87 г.’’, “88 г.’’, “90 г.’’ и “92 г.’’. |
|
|
|
| Меѓународен ватерполо турнир “Скопје 2005'' |
| 22.11.2005 |
| На базенот “Младост’’ во Скопје викендов се одржа Меѓународниот ватерполо турнир “Скопје 2005’’ на кој учествуваа, покрај екипата на организаторот ВК “Вардар’’, и екипите на ПВК “Бисер’’, ВК “Технометал Вардар’’ и гостите од СЦГ, ВК “Шабац’’. |
|
|
| Меѓународен турнир “Чуран Куп 2005’’-Јагодина, СЦГ |
| 20.10.2005 |
| Нашите пливачи постигнаа одлични резултати и се вратија од Јагодина со 9 златни, 7 сребрени и 1 бронзен медал. Ели Секуловска, пливачка на ПВК 18ти Август беше прогласена за најуспешна натпреварувачка на турнирот во Е категоријата. |
|
|
| Меморијален Турнир „Слободан Смиљановски - Мусо“ 2005 |
| 10.10.2005 |
| На 08 и 09 Октомври 2005 година во организација на Пливачката Федерација на Македонија се одржа традиционалниот меморијален турнир "Слободан Смиљановски - Мусо". На базенот "Карпош" во Скопје за преодниот трофеј се натпреваруваа екипите на ВК Бисер, ВК Орки, ВК Вардар и ВК Локомотива, (87 годиште). |
|
|
| Освоени три бронзи на Јуниорското Балканско Првенство |
| 03.08.2005 |
| Од 30 до 31 Јули 2005 година во Питешти, Романија се одржа Јуниорското Балканско Првенство во пливање. Нашата земја ја претставуваат 12 пливачи кои настапија во различни дисциплини. Најуспешни беа Елена Поповска која освои две бронзени медали во дисциплините 50м краул и 100м краул и Миро Крстевски кој освои бронзен медал во дисциплината 200м делфин . |
|
|
| | |