пливачка федерација

  маратон
english version

FINA World Cup Marathon Swimming

ohrid swimming marathon 2006


пливање
светски рекорди за 25м кратки базени

ватерполо

архива


06.03.2006
 

Државно првенство во пливање за сениори и младинци

 

 

Викендов, на 04 и 05 Март на базенот Младост се одржа државното првенство во пливање за сениори и младинци, во 25 метарски базени.
Технички организатори беа клубовите АПК Студент И ПК Младост од Скопје, а учествуваа 10 пливачки клуба и тоа: АПК Студент, ПК Младост, ПК Вардар, ПК Скопје, ПК Акватик, ПВК 18 Август, ПВК Бисер, ПК Делфин, ПК Бамбини, сите од Скопје и ПК Тумба 3 од Куманово.

На првенството беа постигнати следните резултати:

Во машка сениорска конкуренција најуспешен пливач е Крстевски Миро од ПК Младост Скопје со освоени 8 златни медали кој воедно беше прогласен за апсолутен победник на првенството во дисциплините 50,100,200 м. грбно 50 И 200 м. делфин, 100 и 400 м. мешано и 1500 м. слободно.

50 м. грбно - Гавриловиќ Мартин 2 место и Лазаревски Далибор 3 место,

200 м. грбно - Лазаревски Далибор 2 место И Блажевски Марко 3 место,

400 м. слободно- Ристевски Михајло, Наумовски Сергеј, Јеремиќ Александар.

50 м. делфин- Наумовски Сергеј 2 место, Димчевски Христијан 3 место,

200 м. делфин- Јане Карајованов 2 место, Евгениј Поп Ацев 3 место,

100 м. градно- Ристовски Михајло, Стојановски Горјан, Гавриловиќ Мартин,

200 м. мешано- Ристовски Михајло, Крстевски Миро, Јане Карајованов,

100 м. слободно- Александар Маленко, Наумовски Сергеј, Ристовски Михајло.

 

Во машка младинска конкуренција за најуспешен е прогласен Сергеј Наумовски од АПК Студент со седум златни медали.

 

Во женска сениорска конкуренција со освоени 5 први места во поединечни дисциплине и две први места во штафета за најуспешна е прогласена Владимирова Јулија од ПК Скопје,која е прогласена и за најуспешна младинка. Победник е во дисциплините: 50 и 200 м. прсно, 100 и 400 м. мешано, 200 м. грбно и штафетите 4х50 слободно и 4х50 мешано.

50 м. грбно- Стојановска Мирјана. Поповска Елена, Маринова Симона,

200 м. грбно- Маринова Симона 2 место, Николовска Нена 3 место,

400 м. слободно- Дечкова Јана, Стојанова Мирјана, Мицевска Ирма,

100 м. градно- Спасова Моника, Владимирова Јулија, Костовска Симона,

200 м. мешано- Стојанова Мирјана, Владимирова Јулија, Спасова Моника,

100 м. слободно- Поповска Елена, Дечкова Јана, Мицевска Ирма,

800 м. слободно- Дечкова Јана, Мицевска Ирма, Костовска Симона.

На ова првенство постигнати се два државни кадетски рекорди (неофицијални) и тоа:

•  Стојановски Горјан од ПК Скопје- 50 м. прсно-00:31:97

•  Стојанова Мирјана од ПК Скопје- 200 м. мешано-02:28:40

Овие рекорди се сметаат за неофицијални бидејќи сеуште нема усвоено рекордерска листа.

 

 
 

 















© 2003 - Пливачка Федерација на Македонија. Сите права се задржани.
created by Domino